За разлика од фосилните горива, соларната енергија е бесплатна и достапна во неограничена количина, не произведува штетна емисија на јаглерод диоксид. Модерните системи за греење можат да се комбинираат со соларни колектори и го прават греењето со соларен систем одлична опција за припрема на топла вода или за поддршка на кругот на греење.
Интересно
Унгарката Марија Телкес е одговорна за првиот систем за греење на соларна енергија. Таа во 1925 година се преселила во САД и започнала да работи на еден проект кој се бавел со оваа проблематика. Во 1940 година таа го направила и развила првиот соларен систем за греење на домови, а за реализација на овој проект ѝ помогнала уште една успешна жена, архитектката Еленор Рејмонд.
Предности на соларното греење:
- Неисцрпна, бесплатна количина на енергија
- Нема емисија на јаглерод диоксид во текот на работата
- Заштедувате до 60% енергија за припрема на топла вода
Како работи соларното греење?
Во соларниот систем одредена течност струи меѓу колекторот и посредникот. Оваа течност се загрева во апсорберот на колекторот, а понатаму ја предава топлината на водата која е во бојлерот.
Колку топлина дава еден колектор?
Интензитетот на сончевото зрачење не е константен во текот на целата година. Иако во летните месеци до колекторот доаѓа сончево зрачење поголемо од 1000 W/m2, истото во целост не може да биде искористено. Поради загубите во колекторот, цевоводот, изменувачот итн, на водата која се загрева во бојлерот од колекторот и се предава одприлика 600 W/m2.
Со други зборови, еден колектор на водата во бојлерот би предал околу 1500 W. Ова важи за летен сончев ден.