in ,

Неверојатна приказна за Вардаровиот европски пехар (видео)

Како се калеше челикот за Вардаровиот шампионски пехар во буквална смисла на зборот

Вардар е европски првак …. Во Келн заврши свечената церемонија на прогласување а големиот пехар на ЕХФ се најде заслужено во рацете на капитенот Стојанче Стоилов.

А знаеме ли како се калеше челикот за Европскиот шампионски пехар во буквална смисла на зборот.

Фамилијата Гахр од Австрија се едни од најголемите уметници на челикот и железото во светот.

Таткото и двата сина веќе 35 години традиционално ги изработуваат најневеројатните трофеи, скулптури и други разни форми од челик и железо.

Европскиот ракометен пехар е одобрен во 2010 . Претставува рака ракометар кој држи ракометна топка која пак асоцира на нашата планета.

истиот рачно се изработува а финалната изработка и претставување на јавноста  се случи во Келн 2010 година пред преполна арена и публика од над 19.000 посетители.

Ова ремек дело на Гахр фамилијата е добитник на многу награди за дизајн.

Пехарот е изработен од месинг, бронза, corten челик (рѓосан челик) и од нерѓосувачки челик.

Самиот пехар тежи 10 килограми и има висина од вкупно 85 cm, за споредба тое е висина на една работна маса

или просечна должина на рака.

 

Погледнете како изгледаше тоа во 2010 година.

 

Што да изберете стандарден клима уред VS. инвертер ?!?

Јунска акција на DAIKIN клима уред со инвертер технологија