Болките во грбот и вратот се многу честа појава во денешно време. Секојдневното седење пред компјутер, предизвикува искривувања на ‘рбетот и иако можеби во почетокот не чувствувате болки, подоцна доаѓаат и последиците.
Недоволна физичка активност
Физичката активност има многу предности за вашиот организам, а една од нив е дека ви помага за зајакнување на мускулите и правилно држење на телото. Доколку вашата професија бара од вас постојано да сте пред компјутер, физичката активност треба да е дел од вашето секојдневие. Постојат вежби кои ќе ви одземат само неколку минути дневно, а се доволни за да спречите појава на болки во грбот и вратот или за ублажување на истите. На YouTube можете да најдете голем број на видеа што ќе ви помогнат, пример:
Лошо држење на телото
Лошото држење претставува напор за целото тело и негативно влијае врз положбата на ‘рбетот. Класичното канцелариско столче не влијае добро на положбата на вашиот грб. Одлична замена за него е оваа столица со физиотопка. Со седење на оваа столица се зајакнуваат мускулите и се намалува стресот врз ‘рбетот и болката во рамената. Положбата на ‘рбетот е правилна и телото е исправено. Дополнителна практичност е што топката може да се извади и да ја користите за вежбање. Може да ја нарачајте тука со достава до вашиот дом.
Но, не се само возрасните под ризик од искривувања на ‘рбетот. Детското тело во раст и развој исто така мора да има правилно држење. За да му овозможите правилен раст и развој на вашето дете, набавете стол со физиотопка специјално адаптиран за деца. Може да го најдете тука.
Можете да ја купите од тука.
Видете ги вежбите за грб подоле во видеото: