Во тек е лојалти акцијата на Кит-го маркетите.За секои 300 денари од секоја сметка, се добива еден купон, а со собрани 5 купони добивате можност за купување на Бормиоло Роко – Фриговере производи со 40% попуст.
Бормиоло Роко е реномирана фирма позната на италијанскиот пазар со над 70% застапеност. Фриговере е доверлив бренд со повеќе од 30 години постоење, со широка палета на производи со ниска цена, совршени за чување во фрижидер на било која храна. Фриговере е гаранција за добро чување на храна во стакло, затоа што ги обединува хигиената, сигурноста и функционалноста. Безбеден сад за лесна секојдневна употреба во кој се зачувува свежината на продуктите во фрижидер или замрзнувач.
Фриговере производите се премиум производи со позитивни карактеристики:
- Хигиенски материјал кој не се менува.
- Не прима и не испушта супстанци.
- Не прима мирис.
- Не прима боја.
- Може да се замрзнува до -20 C.
- Може да се мие во машина за садови (капакот се мие во горниот дел од машината за садови). Може да се загрева во микро до +70 C.
Акцијата трае до 15.1.2020 г.