ВЕНТИЛАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ Е ВАЖНА ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ
Херметичката инфраструктура на модерните објекти гарантира супериорна изолација и енергетска ефикасност, но истовремено тоа значи дека има недостаток на свеж воздух, што може да предизвика акумулирање влага, микроби и алергени. Воздухот во затворените простории станува нечист – застоен, исполнет со мириси, итн. Затоа ние имаме потреба од вентилација поради што – отвораме прозори. Кога отвораме прозори, изнесуваме загаден, топол/ладен воздух, и внесуваме свеж воздух. Свежиот воздух во просторијата треба повторно да се загрее / излади до пријатна температура, за што е потребна енергија, односно трошење на пари. Така воздухот е пријатно затоплен/изладен, но повторно загаден, при што се нарушува рамнотежата на комфор. За да обезбедиме идеални услови ние трошиме премногу енергија, пари за ладење / греење.
За да се реши овој проблем, Daikin нуди различни решенија за вентилација со рекуперација на топлина за да овозможи свеж и чист воздух на најефикасен начин.
СВЕЖ И ЧИСТ ВНАТРЕШЕН ВОЗДУХ – ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА
За да се создаде совршена внатрешна клима, постојат 5 главни компоненти што треба да се земат во предвид кога се мери квалитетот на внатрешниот воздух и кога се контролира со помош на нашите решенија за вентилација со рекуперација:
- Вентилација: овозможува дотур на свеж воздух
- Енергетска ефикасност – обновување на енергија: враќање на топлината, одржување на влажноста на воздухот (VKM)
- Обработка на воздух: го грее и го лади воздухот што влегува, за да ја зголеми удобноста и да го намали оптоварувањето на климатизацијата
- Навлажнување: ја отпимизира рамнотежата меѓу внатрешната и надворешната влажност (DAIKIN VKM)
- Филтрирање: отстранување на прашина, загадувaчи и мириси од воздухот
DAIKIN ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕКУПЕРАЦИЈА НА ТОПЛИНА
Рекуператор (Daikin VAM & VKM) – Овој производ е дизајниран да одржува висококвалитетен воздух во затворените простории, преку обезбедување на дотур на свеж воздух од надвор, одземање – исфрлање на застоениот воздух, и топлинска заштеда на вентилација. Рекуператорот е опремен со филтри, кои вршат прочистување на воздухот, внесен од надвор.
Единиците за вентилација со рекуперација на топлина, може да заштедат и до 80% енергија во споредба со стандардната вентилација. 80 % заштеда на енергија – потребна за задоволување на термичките загуби предизвикани од свежиот воздух кој е внесен во објект.
- Може да се користи самостојно или интегрирано во Daikin Sky Air или VRV систем
- Широк спектар на единици: проток на воздух од 150 до 2000 m3 / h
- Tотално решение за свеж воздух со Daikin VAM / VKM и дополнителни електрични грејачи доколку има потреба
- Заштеда на енергија, бидејки се користи размена на топлина
- “Бесплатно ладење” – кога надворешната температура е пониска од внатрешната (пример во текот на ноќта)
- Подобрете го квалитетот на воздухот во затворен простор со опционалниот CO₂ сензор и спречете ги загубите на енергија од преоптоварување на вентилацијата
ВЕНТИЛАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ТИП НА ОБЈЕКТ – ФИЛТЕР
-Референтен објект хотел UNIQUE RESORT & SPA
Unique Resort & Spa – хотел во Охрид, со 165 соби. Системот за греење и ладење во овој објект е изведен со Daikin VRV и топлински пумпи Daikin Altherma. Вентилацијата – VAM (FC) единиците се интегрирани со VRV системите. Со VAM единиците се врши филтрирање на воздухот во ресторанот, конференциската сала и фитнес центарот.
ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШИОТ ПРОЕКТ СО НАС?
Идеално решение за деловни објекти, продавници, ресторани или канцеларии. Нашите Daikin опции за вентилација ќе ви помогнат да создадете свежа, здрава и пријатна средина.
Побарај понуда
Повеќе информации за Daikin вентилација со рекуперација на топлина може да прочитате во каталогот