in , , , ,

Како најбргу да се вратите во топ форма оваа пролет

Како да извадите максимум од тренингот зависно од активноста

Физичката активност е секогаш препорачлива, но она што ќе ви направи разлика е како да извадите максимум од тренингот зависно од активноста и опкружувањето што сте го одбрале.

Рекреацијата на отворено и во природа носи многу придобивки за физичкото и емоционалното здравје. Свежиот воздух и зеленото опкружување го релаксира мозокот од секојдневните активности, ве ослободува од стресот, го регулира крвниот притисок и го подобрува расположението додека притоа го вајате своето тело.

Сепак, кога тренирате на отворено треба да се адаптирате според надворешните услови, а тоа значи да носите и соодветна спортска опрема, облека, обувки, вода, храна и слично. Има голем избор на активности во природа, зависно од вашите потреби и можности, но овие се најзастапени…

Планинарење

Планинарењето е активност што е достапна скоро за секого. Кај нас има многу планини и планинарски тури преку целата година, каде што секој со своето ниво на спремност може да се пронајде.

Она што е основно и важно кога тргнувате на планина е да имате соодветна облека, долги флексибилни панталони, горниот дел да ви се состои во повеќе слоеви и секогаш да имате сува резерва. Обувките треба да бидат соодветни за на планина и соодветни за сезоната. Пожелно е да носите капа или шешир за да не добиете сунчаница или изгоретини во летниот период или пак дебела капа во зима за да не ви биде ладно на главата. Ранецот да ви биде пријатен и соодветен за турата која ја одите.

Понесете доволно лесна храна и задолжително вода која што пожелно е да ја чувате во специјални шишиња што ја одржуваат температурата и квалитетот на водата. Стапчињата за планинарење се секогаш добродојдени на подолги тури. Ако ја имате таа „среќа” да ве стемни на планина, треба да бидете подготвени со рачни светилки за да го осветлувате патот. 

  Како до супер тело за на плажа

Возење велосипед

За возење велосипед основна опрема секако ви е да поседувате велосипедОблеката треба да биде припиена за телото и брзо да се суши, а препорачливо е да имате долен дел со потпунка што ќе ви го направи возењето на долги стази попријатно. Секогаш имајте дополнителен слој за горниот дел од телото како шушкавец што штити од ветар и кацига на главата за безбедност. Спортски ракавици на рацете се потребни за подолги тури.

Ранецот е вообичаено помал од планинарскиот, но треба да содржи сè она што ви е неопходно како специјализирано шише за вода, резервна маица, лесна храна, резервна гума и основен алат. По завршената велосипедска тура, можете да се почестите со протеински шејк во квалитетно шише за шејкови што ќе ги регенерира вашите изморени мускули и ќе ги подготви квалитетно за следниот тренинг.

Трчање

Во контекст на теренот по кој трчате треба да изберете најсоодветни патики бидејќи тие се најважен сегмент за овој спорт. Скоро сите сакаме да слушаме музика за мотивација додека трчаме, но со спортските слушалки значително ќе ви се зголеми удобноста. Облеката треба да биде што полесна и брзо да се суши. Капа која е потесно припиена за главата е пожелна во топлите денови, односно припиена зимска капа со отвор за вентилација во ладните ветровити денови.

Соодветната хидратација е секогаш број еден, така што треба да имате при себе соодветно шише за вода што ќе биде лесно и едноставно за носење, а притоа ќе го одржува квалитетот на водата. 

Фитнес

Фитнесот на отворено е две во едно активност. Бидејќи најчесто се одвива во затворен простор знае да стане монотон и да ја намали нашата мотивација за напредок. Но доколку набавите некои основни реквизити за тренинг, во добрите временски услови можностите ви се неограничени.

  5 екстра причини да почнете да вежбате

Набавете си квалитетна подлога за вежбањесет ремени за вежбање со своја тежина,пилатес топкаеластично црево со отпор или вреќичи со тежина за скочен зглоб и веќе имате повеќе од доволно варијанти за тренинг.  

Доколку сте заинтересирани за повеќе спортски реквизити и опрема за спортување што можете да ја добиете директно до вашиот дом побарајте на MarketKonekt.com и порачајте ги онлајн. Разгледајте ја понудата тука.

Како да се справите со загадениот воздух,нездравата исхрана и стресот

Како да се натерате да почнете да вежбате?