, , , ,

Зошто да изберете Daikin Altherma топлотна пумпа воздух-вода?

Откријте го светот на одржливи решенија за греење

Супериорни перформанси, иновативен дизајн и акустична удобност.

Без разлика дали реновирате или имате нов објект за градење, за Вашата куќа или стан – секогаш ќе најдете соодветна топлинска пумпа од Daikin.

Daikin Altherma е иновативен систем кој ги загрева, произведува домашна топла вода, па дури и може да ги лади просторите. Се поврзува со подно греење, радијатори, вентилоконвектори – фенкојлери.

КОЈА ТОПЛИНСКА ПУМПА Е ПРАВИЛНИОТ ИЗБОР ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ?

1. НИСКОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА

(ДО 55°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА)

Најпродаваната топлинска пумпа во опсегот на Daikin. Благодарение на примената на ниска температура, идеално се вклопуваат во новоизградените куќи со ниски побарувања за енергија. Ефективно работење – најдобра енергетска ефикасност со примена на подно греење и вентилоконвентори.

Опсегот на работа се движи до -25°C.
– Поврзувањето е со фреон R410-A.
– Капацитети: 11kw / 14kw / 16kw

2. СРЕДНОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА
(ДО 65°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА)

Bluevolution технологија комбинирана со висока енергетска ефикасност на компресорот, развиена од Daikin. Сезонска ефикасност кај овие топлински пумпи достигнува А+++. Енергетската ефикасност COP достигнува до 5,1 (на 7 ° C / 35 ° C), додека ефикасност на санитарна топла вода COP до 3,3 (EN16147). Најдобра енергетска ефикасност со примена на подно греење, вентилоконвентори, понови радијатори.

  ИДНИНАТА НА ГРЕЕЊЕ СО DAIKIN!

Опсегот на работа се движи до -28°C (за EPGA-DV)
– Поврзувањето е со еколошки фреон R32
– Капацитети за ERGA-DV серија: 4kW / 6kW / 8kW
– Капацитети за EPGA-DV серија: 11kW / 14kW / 16kW

3.ВИСОКОТЕМПЕРАТУРНА ТОПЛИНСКА ПУМПА
(ДО 80°C ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДА)

Новата (2020 година), Daikin Altherma високо-температурна топлинска пумпа е оптимално решение за проекти за реновирање кои бараат температурa на вода од 60°С и повисока. Во споредба со традиционалните системи за греење ефикасноста е многу повисока и можете значително да заштедите на трошоците за работа. Испорачува температура на водата од 70°C, слична на вашиот котел и без употреба на дополнителен електричен резервен греач, не треба да ги менувате вашите постоечки радијатори.

– Опсегот на работа се движи до -28°C
– Поврзувањето е со новиот еколошки фреон R32
– Капацитети: 14kW / 16kW / 18kW

ОПТИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ / ЛАДЕЊЕ СО ИЗБОР НА ВИСТИНСКИТЕ ПЕРИФЕРНИ УРЕДИ

Уживајте во предноста на новите Daikin Altherma HPC (конвектори – фенкојлери). Греење и ладење во еден производ. За разлика од радијаторите, конвекторите работат на ниска температура на вода (30°C) и можат побрзо да обезбедат греење или ладење благодарение на вентилаторот внатре. Добијте иста удобност како традиционалните радијатори, но со заштеда на енергија.

  За идеална клима во сите простории со мулти сплит систем!

ДОБИЈТЕ РЕШЕНИЕ – ПОНУДА ЗА ДАИКИН АЛТЕРМА ТОПЛИНСКА ПУМПА ЗА ВАШИОТ ОБЈЕКТ

КОЛКУ ЧИНИ ИНВЕСТИЦИЈАТА – ПРИМЕР ЗА 200 М2

За да добиете понуда решение со Daikin Altherma топлинска пумпа, ве замолуваме во описот за Вашиот објект, обезбедете ни информации за следново:
1. Тип на објект: куќа или стан
2. Нето површина за греење и/или ладење m2
3.Изолација на објект: високоизолиран, средноизолиран, нискоизолиран или неизолиран
4. Решение-потреба со топлинска пумпа (избери една од понудените опции): само греење, греење + санитарна топла вода, греење+ладење, греење+ладење+санитарна топла вода
4. Дали сакате да го замените стариот систем (котел) за греење со нов? или објектот е нова градба?
5. Дали имате постоечки грејни/ладилни тела: радијатори, фенкојлери, подно греење или треба да се димензионира сосема ново решение (наведете со кои грејни/ладилни тела за сите внатрешни простории)

Повеќе информации прочитајте во Daikin каталозите

ПОБАРАЈ ПОНУДА ВО ПАКСОН 

  DAIKIN ALTHERMA - Колку ќе чини инвестиција во централен систем за греење, ладење и санитарна топла вода?

Важноста на нанесувањето средство за заштита од сонце за време не летото

Зошто да изберете Daikin Altherma топлотна пумпа воздух-вода?