in , ,

( Видео) Како да направите маска која 97.5 % го филтрира загадениот воздух

Последиците од вдишувањето загаден воздух се повеќе од штетни

Додека не се направи значајна разлика во аерозагадувањето кај нас единствено што може ние сами да направиме е кога имаме можност да престојуваме на чист воздух.

Кога е многу загадено треба да се затвораат прозорците и да се користат прочистувачи на воздухот.

Кога излегуваме надвор, треба да носиме маски со филтри, кои ги има во продажба во аптеките и  не е лошо во овој период да се земаат и антиоксиданси. 

Какви се последиците по здравјето од вдишувањето загаден воздух?

Највулнерабилни се децата, повозрасните и пациентите со хронични заболувања. Аерозагадувањето е причина, особено ПМ честичките, за влошување на состојбата кај пациенти со хронични респираторни болести, како што се астма, пневмонија, хронична опструктивна белодробна болест, горно-респираторни инфекции, настинки, кардиолошки заболувања, кардио-пулмонални проблеми, инфаркт, кардиомиопатии…

Периодов истражувавме која е најефикасната маска која може секој од нас да ја направи. за истата не се потребни воопшто многу пари а сите делови за маската ни се при рака. Ваквата маска до 97.5 проценти го филтрира воздухот.

Погледнете го видеото и  самите направете ја најефективната  маска против загадување:

Истраживме за Вас – 50 автомобили кои се произведувале во СФРЈ

7 начини како да ја збогатиме празничната магија на трпезата