in

Софите од кожа се повторно во мода

Кожата е веројатно првиот материјал за мебел што луѓето го користеле. Од времето кога таа служела за седење на земја и давала топлина и изолација од студот, па се до денешно време кога имаме изобилство на платнени и синтетички материјали, кожата останала прв избор и најпосакуван материјал за софа кај поголемиот број на луѓе.

Од сите материјали за софа, кожата има богат изглед, сјај и текстура. Бидејќи таа е природен материјал, текстурата на секое парче кожа е уникатна и зрачи со луксуз, а со своите карактеристики всушност таа навистина го зголемува квалитетот на софата.

Додека другите материјали со време може да избледат или да ја изгубат својата форма, природните влакна во кожата овозможуваат таа да стане помека и порастеглива. Еластичноста и овозможува полено да подносе притискање и тегнење. Таквите природни особини и овозможуваат на кожата да трае и до четири пати подолго од другите материјали, па најчесто софите од кожа колку што се постари изгледаат по привлечно.

Модел: Александра

Кожните софи дишат и тоа ги прави поудобни. Тие брзо ги ослободуваат топлината или студот со што побрзо се прилагодуваат на собна температура. Исто така можат да апсорбораат и ослободуваат влага, со што се помалку влажни и лепливи од софите со синтетичка кожа, па така овозможуваат удобно седење.

Кога кожата ќе се обои, бојата навлегува длабоко во неа, со што бојата не може едноставно да избледи како кај другите материјали.

Кожната софа е подобра и за здравјето, бидејќи не задржува алергени и прашина како платнените материјали.

Иако можеби кожната софа е првично малку поскапа од софите од другите материјали, долгорочно гледано, таа е всушност поисплатлива заради својата поголема издржливост и долготрајност.

За тие што сакаат да го зголемат квалитетот, вредноста, а со тоа и удобноста на својата софа би им препорачале да го пробаат моделот Венера од асортиманот на Софа Студио.

Модел: Венера

Чистач на пареа за домашни корисници: борба против вируси и бактерии без хемикалии

Удобноста на кино со совршена софа