in ,

Подгответе се за топлите летни денови со Daikin климатизери!

Паксон – Овластен Daikin партнер за Македонија ви нуди Daikin инвертер клима уреди со врвен дизајн и иновативна технологија која ги штеди Вашите пари и енергија.

Рекордните високи температури доаѓаат, изберете Daikin инвертер клима уреди за ладење во лето и греење во зима. Со новите климатски промени во последните години, изборот на вистинско решение за климатизација ќе го претвори вашиот дом во совршена оаза на удобност, секој ден.

Една просторија или повеќе, изборот е Ваш:

  1. Сплит систем за климатизација во една просторија, на една надворешна единица може да се поврзе една внатрешна единица.
  2. Мулти сплит систем за климатизација во повеќе простории, на една надворешна единица може да се поврзат до 5 внатрешни единици (со високоѕидна монтажа, парапетни, плафонски, касетни, скриени тавански единици). Внатрешните единици може да се комбинираат со различни капацитети во зависност од големината на просториите така што може да создадете совршена клима низ цела куќа.
 

1. Сплит систем

 

2. Мулти сплит систем

Различни модели на Daikin инвертер клима уреди

Повеќето Daikin сплит и мулти сплит системи се со високоѕидна монтажа, поставени високо на ѕидот, така што протокот на воздух лесно може да се распредели во просторијата и да го потисне топлиот воздух нагоре. Програмата на Daikin опфаќа и т.н парапетни единици, тие се многу добри за греење во зимскиот период затоа што го дуваат затоплениот воздух од долу со што создаваат одличен ефект на конвекција, едноставни се за монтажа, внатрешната единица може да се монтира на ѕид или да се постави на под.

Кај Касетните единици – внатрешната единица е сокриена во таван, компактни се, видливи се само решетките за дување – вшмукување на воздух.

 

1. Високоѕидна

единица

2. Парапетна

единица

3. Касетна

единица

 

Daikin програмата опфаќа широк асортиман на производи достапни по прифатливи цени. Сите Daikin климатизери се енергетски ефикасни. Повеќето модели имаат напредни функции како интелигентно око и неделен тајмер,3-D проток на воздух, wifi  контрола преку бесплатна мобилна апликација, супериорен систем за прочистување на воздухот, многу тивок звук и совршена распределба на проток на воздух.

  Со топлотната пумпа на Daikin, 80% од енергијата што се користи доаѓа од амбиенталниот воздух, што Ви овозможува ниска потрошувачка на енргија и помали сметки за струја!

 

Различни капацитети за греење – ладење во зависност од големината на просторијата

При избор на Вашиот нов клима уред важно е да се пресмета колкав капацитет е потребен за греење и ладење, затоа секогаш советувајте се со стручно лице. Многу е важно дали клима уредот ќе го користите за ладење и дозагревање на просторијата или за примарно греење. Доколку се користи клима уредот за примарно греење – треба да се земе во предвид дека при пад на темературата опаѓа и топлинскиот капацитетот на клима уредот. Квадратурата – големината на просторијата не е единствен одлучувачки фактор при избор на соодветен капацитет, големо влијание исто така има големината и ориентацијата на прозорците, изолацијата на објектот, изложеноста на сончева светлина и сл.

 

Изберете го Вашиот инвертер модел, контактирајте не уште денес!

Паксон ДОО – Овластен Даикин партнер за Македонија

Ул. Загребска бр. 28Б, лок 17, Скопје

Тел: 02 310 9998 | 076 360 654

Email: contact@pakson.net

Web: www.pakson.net

  Daikin Altherma топлотна пумпа - ладење, греење и санитарна топла вода - По твоја ЖЕЛБА.

Знаете ли како работи вашиот клима уред?

Како да направите добар избор на мебел за Вашиот дом