in

Млеко за тело Carbamid

Carbamid млеко за тело mleko za telo

Во лето изложеноста на високи температури и на сонце може да доведе до сува кожа.

Сувата кожа не само што е естетски не привлечна туку и ја намалува нормалната функција на кожата, со што ќе се намали способноста на кожата да не штити од надворешните штетни влијанија.

Carbamid млекото за тело е формулирано на начин да ја хидрира кожата, со што ќе и даде мекост, сјај ќе ја храни и ќе ја одржува кожата здрава.

Кај нормална кожа најдобро е да се применува после сончање за да превенира сува кожа, а доколку имате сува кожа можете да ја нанесувате и повеќе пати по потреба.

Carbamid млекото за тело го имаме во две форми. Со уреа 5% за сува кожа и уреа 10% за многу сува кожа (100 и 200мл). Покрај уреата како главна компонента млекото за тело содржи и витамини А, Е и Д како и пантенол.

Што е уреа и како влијае врз кожата?

Уреата е органско соединение кое има терапевтска улога во третманот на голем број дерматолошки болести. Во нашиот продукт Carbamid млеко за тело има улога на емолиент односно ја навлажнува и хидрира кожата, со што ја прави мека мазна и сјајна.

Здрави индивидуи во просек имаат 28 микрограми на уреа на сатнтиметар квадратен кожа. Кај индивидуи со сува кожа оваа количина на уреа е намалена за 50% а кај индивидуи кои имаат атопичен егзем е намалена за дури 85%. Ова најверојатно се должи на тоа што уреата е една од трите природни фактори на навлажнување. Намалена количина на уреа води до намалена способност на кожата да задржува вода што може да доведе до грубост, рапавост и иритација на кожата. Покрај тоа уреата исто така има и локално анестетично дејство со што го намалува чешањето иритацијата и црвенилото.

Кои се придобивките од витаминот Е кога се нанесува на кожата?

Витаминот Е е антиоксиданс и основна функција му е заштита на кожата од оштетување од страна на сонцето. Витаминот Е ги апсорбира штетните УВ зраци кога се нанесува на кожата.

Кои се придобивките од витаминот А кога се нанесува на кожата?

Кога немаме доволно количина на витамин А кожата станува сува, чеша и лесно се оштетува. На кожата и е потребен витаминот А, тој ја превенира штетата која може да ја нанесе сонцето врз кожата( но не во иста мера како заштитните фактори затоа препорачуваме млекото за тело да се користи после сончање) преку спречување на процесот кој го деградира колагенот, и исто така помага побрзо да заздравува и  да се регенерира кожата.

Кои се придобивките од витаминот Д кога се нанесува на кожата?

Витаминот Д е уште познат и како сончев витамин. Широко е позната неговата улога во правилнот оразвивање на коските но малкумина знаат  коклку овај витамин е важен за правилен развој и функција на сите органи на човекот вклучувајќи ја и кожата. Неговиот недостаток се поврзува со голем број на дерматолошки болести како и појава на акни.

Дали знаевте дека бројот на грабежи се зголемува за време на годишните одмори?

Немате простор за 2,3,4,5 надворешни единици – Паксон има совршено решение DAIKIN мулти сплит систем