in

Котли на пелети за централно греење- правилен избор

Дали тоа е вистинскиот избор за вашите потреби? Земајќи ги предвид цената на пелетите, инсталацијата и одржувањето на печката, дали инвестицијата се исплатува? 

Котли на пелети за централно греење – правилен избор?

Дали тоа е вистинскиот избор за вашите потреби? Земајќи ги предвид цената на пелетите, инсталацијата и одржувањето на печката, дали инвестицијата се исплатува?

Во повеќето случаи, печките на пелети се ОДЛИЧЕН ИЗБОР. Еве зошто.
Печките на дрвени пелети МелатАрт го загреваат просторот на еден од најефикасните начини: Обезбедуваат висококвалитетно горење без загадување и е исклучително економично.

Лесни за користење. Се палат како и печките на гас. Со еден клик! Единствена дополнителна активност што треба да ја направите е да ставите пелети во печката. За разлика од традиционалните печки на дрва, имаат и тремостати и нагодуѕвање што сами утврдуваат колку горвио треба да се употреби. Не е потребно да се надгледува и да се интервенира врз огнот благодарение на механизмот што се грижи за тоа. Единствана интревенција претставува притискањето на копчето СТАРТ, нагодувањето на функциите за командната табла и повикување на севрис во случај на дефект.

Печката првенствено користи дрво во форма на пелети. Печката е потполно приспособена за согорување пелети и целосно ги исполнува условите на Европската унија, дефинирани во нормата EN 303-5 и ISO 9001 стандардот за контрола на квалитетот. Според барањата на нормата, котелот е изработен од челичен лим со дебелина од пет милиметри, а деловите што се помалку изложени на термички оптоварувања од лим со дебелина од четири милиметри.

Котлите МЕТАЛ АРТ се производ кој по своите механички и термички карактеристики се наменети за ложење на биомаса и горива.

Користејќи го воопштениот поим ,,Биомаса” пред се се мисли на ,,пелет”, но и можноста за ложење со отпадоци од овошје (семки од вишни, цреши, сливи, праски, кајсии и слично), дрвен чипс, ситни парчиња – гранулиран јаглен – кои предходно се подготвуваат за ложење – се сушат.

Согорувањето на пелетот и биомасата се врши со автоматски дотур од вградениот резервоар на котелот преку механизам – дозатор – движен од монофазен електромотор. Воведувањето на воздух за согорување се извршува со помош на вентилатор.

Целиот процес се контролира преку програмирана електроника со која се регулира горењето, температурата на водата, работата на пумпата во системот на централното греење како и домаќинското и економичното работење на котелот.

Системот на контрола е автоматски со одредени променливи кои потрошувачот сам ги контролира зависно од условите и потребите. Системот работи потполно автоматски од вклучување до исклучување.

Сето ова е јасно објаснето во Упатството за употреба кое го добивате со уредот.

МЕТАЛ АРТ котлите покрај пелетите можете да ги користите и со употреба на тврди горива – дрва и јаглен, при што контролата на горењето останува автоматскa.

Идеално за :

  • Хотели
  • Ресторани
  • Деловни објекти
  • Фрабрички хали
  • Индивидуални куќи

Како да одбрете пелети со добар квалитет!

ШТО СЕ ТОА ПЕЛЕТИ:

Пелетите како гориво се обновлив извор на енергија, со чисто согорување и ниска цена. Можат да се изаработат од различни биомаси, но најчесто користени материјали се дрво, трева, слама, хартија и картон. Кавалитетот зависи од суровината од која се изработени, но и од начинот на пресување и влажноста.

НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ:

Најквалитетните се изработуваат од БУКА и ДАБ. Тие се произведуваат од дрво без кора и со тоа се намалува талогот во котлите и горилниците при греењето. Тие се сјајни, мазни со еднакава должина и во пакувањето нема пепел.

Речиси и да не испуштаат чад и останува само5% пепел.

ПОСЛАБ КАВАЛИТЕТ:

Пелетите со полаб квалитет имаат надолжи и попречни пукнатини, имаат различна должина и многу прав во пакувањето. При горењето испуштаат повеќе чад и оставаат пепел.

Совети како да ви доаѓа помала сметка оваа зима ако се греете на струја

ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ : Еве како да се заштитите!