in , ,

Како да направите добар избор на мебел за Вашиот дом

Мебел не се купува секој ден, затоа е важно да донесете добри одлуки

Размислувате да го смените стариот мебел со нов, или да преуредите некое катче во домот. Или можеби се подготвувате за уредување и опремување на вашиот нов стан или куќа? Купувањето нов мебел носи големо задоволство, но и бројни дилеми. Мебел не се купува секој ден, затоа е важно да донесете добри одлуки и да го направите вистинскиот избор кој ќе одговара токму на вашиот вкус и потреби. Еве неколку универзални совети, кои се надеваме ќе ви бидат од корист.

1. Анализирајте го вашиот живот и околината во која живеете

Сакате да чувате пет мачки во вашиот еднособен стан? Ако одговорот е позитивен, веројатно дека нов мебел нема да ви биде потребен во догледно време. Во сите други случаи направете темелна евалуација на вашиот животен простор, луѓето со кои го минувате секојдневието и вашите заеднички животни стилови. Всушност, ова е првата работа за која ќе ве прашаат дизајнерот за ентериер, или пак, продажното лице во салонот за мебел… Доколку имате мали деца, нивната безбедност е на прво место – избегнувајте мебел со многу остри ивици и делови што штрчат. Ако планирате да чувате животни во домот, кожната гарнитура не е најдобра опција при уредувањето на дневната соба. Исто така пробајте да набавите висока трпезариска маса, која ќе остане недостапна за вашето домашно милениче.

2. Малите нешта даваат акцент на вкусно дизајнираниот простор

Мала корекција или доопремување на некој сегмент од вашиот дом можат да направат голема естетска, па и функционална разлика. Размислете за поставување тапети кои ќе одговараат на бојата на постојната гарнитура за седење или на трпезариската маса. Доколку сте љубители на авангардниот дизајн, обидете се да го вклопите мебелот со гранитни плочки на ѕидните и подните површини од дневната соба. Главната поента лежи во одговорот на следново прашање: „Што е тоа што ми недостига или не ми се допаѓа во мојот животен простор?“.

  Што вашиот дом говори за вас?

3. Дизајнот не е сè. Внимавајте на квалитетот и функционалноста.

Испечатениот каталог во боја или фотошопираната слика на Интернет претставуваат добро подготвен промотивен материјал. Имајте го во предвид овој податок при купувањето на нов мебел. Оттука, неопходно е темелно да се распрашате кај вашиот трговец за материјалот од кој е изработен мебелот што го купувате. Секој од производствените материјали (иверка, оплеменета иверка, медијапан, фурнир, дрво, производи од пластика или метал) си има свои карактеристики, кои влијаат на удобноста и на неговиот век на траење. Доколку не можете да го најдете посакуваниот дизајн кој воедно ќе ги исполнува и останатите критериуми, не очајувајте. Изберете некој од разновидните декори на иверка и обидете се самите да најдете добар занаетчија – изработувач на мебел. На крајот од целиот процес, ќе го добиете посакуваното парче мебел произведено од квалитетен материјал.

4. Убавината и функционалноста на мебелот доаѓа до израз со добар распоред и вклопување во целината

Добро наместена просторија е онаа што ја остварува својата функција и ги исполнува вашите потреби. На пример, дневната соба е оној дел од домот во кој луѓето се собираат за одмор и дружба со семејството и пријателите. При поставувањето на комода, изберете ѕид  без прозори, свртен кон гарнитурата за седење. На еден од ѕидовите во дневната соба обидете се да внесете висечки елементи со подвижни системи, идеални за чување на алкохолните пијалаци на пример. Љубителите на вино можат да постават држач за вински шишиња на ѕидот близу трпезариската маса, едноставно и практично решение што остава особен естетски впечаток. Што се однесува до самата трпезариска маса, внимавајте на нејзините димензии. Можеби не е проблем да ја сместите, но пожелно е околу неа да има и дополнителен слободен простор не помал од еден метар во сите правци.

  20% Попуст од Паксон и Daikin за Altherma топлотна пумпа!

5. Дизајнот на мебелот нека го следи стилот на вашиот дом

Раскошниот масивен мебел во антички стил не е најсреќниот избор за вашата куќа инспирирана од стилот на Баухаус. При изборот на мебел во домот следете го надворешниот дизајн на објектот во кој живеете, но првенствено насочете се кон зацртаниот ентериерен дизајн. Пронајдете гарнитура за седење во дневната соба што ќе одговара на генералниот дизајнерски стил на просторијата. Современиот, еклектичниот, традиционалниот, античкиот и стандардниот стил претставуваат дел од темелните стилови на мебел што може да ги изберете во вашиот дом. Насочете го интересот кон еден од нив и доследно следете го.

6. Бидете креативни при опремувањето на детската соба

При опремувањето со мебел на детската соба, направете го просторот интересен и вметнете содржини кои ќе го стимулираат физичкиот и интелектуалниот развој на детето. Одберете безбедни материјали кои не се робусни и тешки за ракување. Плакар со разиграни бои, кој може да се поистовети со боите на детскиот кревет е одлична идеја. Ви ги препорачуваме зелената, светло сината или портокаловата боја како неутрални бои, кои можат да се користат во соби за машки и женски деца. Со сигурност, најдобриот избор што можете да го направите за вашето дете е да му купите целосно нова детска соба грижливо изработена од производител на мебел.

Богата понуда на мебел и на сé што ви е потребно за уредување на домот, со попусти на производите и до 57%, можете да погледнете ТУКА.

Неколку совети како да одберете мебел доколку имате помал стан во видеото подоле.

Подгответе се за топлите летни денови со Daikin климатизери!

DAXOSYSTEM – целосен систем за високоенергетска градба