in , ,

(Видео) Топ 10 заповеди за возење на дожд

#spremnizapat #спремнизапат

Возењето на дожд бара огромна концентрација и претпазливост, а во одредени ситуации од Вас ќе ги изведе на виделина сите Ваши возачки способности. …

Вашиот автомобил на дождливо време има сосема поинакви карактеристики на забрзување, кочење и свртување, за разлика од истите параметри на суво време. Затоа држете ги двете раце на управувачот, игнорирајте ги мобилните телефони и внимавајте на патот.

  • Проверете ги гумите на автомобилот – тие се вашиот контакт со патот. Редовно проверувајте го притисокот и длабочината на шарите на гумите. Ако длабината на шарите е под 16мм тогаш тоа е сигурен знак дека треба ги замените со нови. Токму од шарите на гумите зависи контактот на автомобилот со патот.
  • Проверете ги бришачите на ветробранското стакло. Ако нивната функционалност е намалена – заменете ги со нови. Пред тргнување на пат, ако временската прогноза укажува на дождливо време третирајте ги стаклата со средства кои ја „пролизгуваат“ водата од дождот.
  • Вклучете ги дневните светла. Така полесно се забележуваат возилата при врнежливи услови.
  • Држете растојание и успорете. Никогаш не знаете што може да ги изненади возачите пред Вас во услови на лошо време. Не е лошо брзината да ја прилагодите дури и под пропишаната на патот.
  • Вклучете го греењето на стаклата. Врнежливото време значи и поголема влажност на воздухот. Тоа може да предизвика замаглување на стаклата од внатре.  Никако не го вклучувајте внатрешното циркулирање на воздухот, тоа само додатно ќе ги замагли стаклата на автомобилот. Од друга страна пак, зголемената влажност на воздухот додатно ја намалува надворешната видливост.
  • Бидете претпазливи при ненадејно хидропланирање. Тоа е ситуација кога пневматиците имаат многу мал или пак воопшто немаат контакт со патот, туку пролизгуваат на слојот од вода над патот. Во оваа ситуација НИКАКО не кочете и не свртувајте нагло. Полека отпуштете ја педалата за гас и наведете го автомобилот во правецот на патот. Не дозволувајте да ве обземе паника.
  • Избегнувајте патишта кои се преплавени со вода, особено ако не можете добро да ја оцените длабината на водениот талог. Навлегување на вода во моторот може да го наруши неговото работење.
  • Не поминувајте низ воден тек на патот, бидејќи истиот може да има многу поголема сила  на проток одошто изгледа.
  • Застанете на најблиското паркиралиште доколку дождот е многу интензивен и почекајте истиот да престане.
  • Кога ќе престанат врнежите, доколку сте возеле при интензивен дожд или низ подлабока вода, тестирајте ги кочниците. По потреба, со благо и константно кочење исушете ги плочките на кочниот систем.

 

Светско а наше – Уметникот кој со своите дела и изуми му пркоси на загадувањето во Скопје

(Видео) Сите коли се возат, фиќо се сака – Ова е најбрзото “сакано” фиќо!